NEWS

ОТВОРАЊЕ НА НОВА ПРИВАТНА УМЕТНИЧКА ГАЛЕРИЈА „ЕЛ-АРТ“ ВО СКОПЈЕ СО ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНАТА УМЕТНИЦА ЛАРА ТАШКОВСКА 

Скопје, 2025 — Со особена чест и задоволство, ве покануваме на свеченото отворање на новата приватна галерија „Ел-Арт“, кое ќе се одржи на 18ти јуни,  среда, во Т.Ц. Бевели Хилс во Скопје, со почеток во 20:00ч.  

Настанот ќе биде одбележан со отворањето на изложбата на ликовни дела на Лара Ташковска, ликовна уметница позната по своите метафизички и спиритуалистички пејзажи кои ја истражуваат врската меѓу природата, внатрешниот свет и космичката енергија. На изложбата ќе се претстави избор на нејзини најнови дела изработени во техниките акварел и акрил, дела со моќна симболика, кои ја пренесуваат интимната врска меѓу светлото, движењето и внатрешната трансформација.  

Галеријата „Ел-Арт“ е нов простор за современа уметност кој има за цел да ја поддржи и афирмира домашната уметничка сцена, нудејќи платформа за визуелни уметници со автентична визија и креативна сила.  

На отворањето ќе следува коктел дружење со музика и можност за лично запознавање со уметницата и нејзините инспирации.  

Ве очекуваме да бидете дел од ова ново културно поглавје во срцето на Скопје.

Your Shopping cart

Close