Од оваа 2025 година, Ателјето започнува со Ликовна академија за млади и возрасни!
На оваа академија учесниците ќе имаат можност да ја изучуваат класичната ликовна уметност, од техниките на цртање и историја на уметност. Учесниците ќе работат на штафелај и ќе се запознаат со методите на набљудување и анализирање на тоа што се црта, што ќе им помогне да се осамостојат во нивната понатамошна работа!
На овие часови ќе се црта со набљудување, од мртва природа, портрет по гипсан и жив модел, до анатомија и перспектива.
Ќе се изучуваат основните ликовни елементи, како линија, валер, форма, композиција итн. Ќе се изучува пропорцијата за да се постигне најточна сличност на цртежот со моделот.
ДИНАМИКА НА РАБОТАТА
Ликовната академија ќе се одвива секој вторник и четврток од 18:00 до 20:00 часот во текот на целата учебна година
Учебна година: 23.09.2025-28.05.2026г.
1 Семестар: 23.09.2025-29.01.2026 ( со пауза од 31.12.2025-19.01.2026)
2 Семестар: 03.02.2026-28.05.2026
Термин: Вторник и четврток од 18:00-20:00ч.
Ментор: Лара Ташковска, ликовен уметник.
Локација: Ул. Благој Давков 19/3, Скопје, Дебар Маало
Контакт: 076 530 080, или на studiotashkovska@gmail.com