Практикувајќи ги техниките на цртање и сликање, нашите учесници ги истражуваат основите на ликовните законитости. Ги изучуваме ликовните елементи по ред почнувајќи со изразување со линија, потоа законитостите на формата и бојата, ликовниот елемент валер кој е неопходен да се знае во сликањето и композицијата која ги држи сите елементи во една совршена меѓузависност.
Нашата цел е да ги поттикнеме учесниците во уметничкото изразување, да го пронајдат својот ракопис кој ќе стане препознатлив за нивната работа, да ја развиеме перцепцијата односно начинот на кој го гледаме тоа што го цртаме.
Младите учат пропорции на човечко тело (фигура) и глава (портрет), како да цртаат со визирање, претставување на просторот или видови перспектива, вежби за боја итн. со цел да се поттикне развојот на реалистичко цртање, односно сликање.
Младите работат во две групи. Едната група се одржува секој вторник од 18:00-19:30ч, а втората група се одржува секоја сабота од 12:30-14:00ч.
Група сабота
Учебна година: 26.09.2026 – 25.05.2027
1 Семестар: 26.09.2026-30.01.2027 (со пауза од 26.12.2026-23.01.2027)
2 Семестар: 06.02.2027-29.05.2027
Термин: Секоја сабота од 12:30-14:00ч.
Група вторник
Учебна година: 22.09.2026 – 25.05.2027
1 Семестар: 22.09.2026-26.01.2027 (со пауза од 29.12.2026-19.01.2027)