ОТВОРАЊЕ НА НОВА ПРИВАТНА УМЕТНИЧКА ГАЛЕРИЈА „ЕЛ-АРТ“ ВО СКОПЈЕ СО ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНАТА УМЕТНИЦА ЛАРА ТАШКОВСКА
Скопје, 2025 — Со особена чест и задоволство, ве покануваме на свеченото отворање на новата приватна галерија „Ел-Арт“, кое ќе се одржи на 18ти јуни, среда, во Т.Ц. Бевели Хилс во Скопје, со почеток во 20:00ч.
Настанот ќе биде одбележан со отворањето на изложбата на ликовни дела на Лара Ташковска, ликовна уметница позната по своите метафизички и спиритуалистички пејзажи кои ја истражуваат врската меѓу природата, внатрешниот свет и космичката енергија. На изложбата ќе се претстави избор на нејзини најнови дела изработени во техниките акварел и акрил, дела со моќна симболика, кои ја пренесуваат интимната врска меѓу светлото, движењето и внатрешната трансформација.
Галеријата „Ел-Арт“ е нов простор за современа уметност кој има за цел да ја поддржи и афирмира домашната уметничка сцена, нудејќи платформа за визуелни уметници со автентична визија и креативна сила.
На отворањето ќе следува коктел дружење со музика и можност за лично запознавање со уметницата и нејзините инспирации.
Ве очекуваме да бидете дел од ова ново културно поглавје во срцето на Скопје.